- Џерард: Трансфер во Арсенал нема да е напредок за Суарез
Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард призна дека не жали за испуштената можности да премине во друг клуб порано во својата кариера.
"Можев да заминам, можев да заработам повеќе пари и можев да освојам повеќе трофеи. Но токму тука сакам да го поминам остатокот од својот живот: во овој клуб и заедно со овие луѓе, кои се важни за мене. Кога дојде клучниот момент, јас го донесов решението и за ништо не жалам ", изјави Џерард.
"Суарез? Го почитувам Арсенал, но овој тим нема да биде чекор напред за неговата кариера. Затоа останав многу изненаден, зато што Луис беше поврзуван со трансфер токму таму. Постојат само два или три клуба во светот, каде што тој може да оди. За навивачите на Ливерпул, Суарез е идол. Тие ќе го разберат, ако тој одлучи да отиде во Баерн, Реал или Барселона ", додаде Стиви Џи.

No comments:
Post a Comment