- Во Евертон се предадоа, го пуштаат Фелаини во Јунајтед
Полудефанзивецот на Евертон, Маруан Фелаини ќе стане фудбалер на Манчестер Јунајтед до крајот на трансфер прозорецот. Според познавачите, белгискиот репрезентативец го одигра последниот натпревар во дресот на "карамелите" вчера против Кардиф Сити, од почит кон клубот. Од "Олд Трафорд" упатија неколку понуди за Фелаини ова лето, но од "Гудисон парк" ги одбиваа. Сепак снажениот играч на крајот ќе пристигне во Манчестер Јунајтед.
Во Евертон сметаат дека ќе биде подобро клубот сега да се раздели со Фелаини, бидејќи ќе бидат земени за него 28 милиони фунти од Јунајтед. Ако тој остане во тимот, неговата клаузула во договорот ќе биде активирана во зимскиот трансфер прозорец и тогаш Евертон ќе го продаде за 23 милиони фунти.

No comments:
Post a Comment