- Кагава разочаран од својот статус во Јунајтед
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Шинџи Кагава ќе одржи разговор со Дејвид Мојс за својата иднина на "Олд Трафорд". Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд е подготвен да се бори за своето место во составот, но не добива често шанса за докажување. Пред неколку недели дури се појавија информации дека Борусија може да го врати јапонецот.
24-годишниот фудбалер има само седум минути за "Комјунити Шилдс", откако влезе на местото на Рајан Гигс. За сега се смета дека Мојс не сака да се раздели соКагава и најверојатно тој ќе остане во тимот.

No comments:
Post a Comment