- Сити ќе купи нов дефанзивец до крајот на трансфер прозорецот
Мануел Пелегрини се надева дека ќе динесе нов дефанзивец пред крајот на трансфер прозорецот.
На Островот се зборува, дека се водат преговори за привлекувањето на Мартин Демикелис од Атлетико Мадрид.
"Очекувам да сме активни на трансферниот пазарот. Се надевам дека ќе земеме еден дефанзивец. Можеби Демикелис е името што го сакаме, не можам да ви кажам. Ќе видиме ", изјави Пелегрини по успехот над Хал.
Менаџерот на Манчестер Сити Мануел Пелегрини вели дека голманот Џо Харт не се наоѓа во најдобра форма.
"Во моментов Харт е голман број еден во Манчестер Сити, но ситуацијата може да се промени во секој момент. Во најскоро време тој треба да влезе во форма. Самиот тој го разбира ова перфектно. Сега не е најдобриот период на Харт, па му е потребна поддршка", рече Пелегрини, цитиран од Sky Sports.

No comments:
Post a Comment