- Подолски ќе биде надвор од игра околу три месеци
Фудбалерот на Арсенал, Лукас Подолски ќе отсуствува од игра околу три месеци, што е доста подолго време од првичното очекувања.
"За жал ќе отсуствуваат подолго од очекуваното, околу три месеци", рече Подолски за весникот "Билд". Германскиот репрезентативец доби мускулно истегнување а левата нога при победата со 2:0 над Фенербахче во плејофот од Лигата на Шампионите во крајот на Август. Така Подолски ќе ги пропушти и квалификациите за светко првенство на Германија во Септември и Октомври.

No comments:
Post a Comment