- АС: Тотнем се согласи да го продаде Бејл за 120 милиони евра
Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид ќе го сруши трансфер рекордот во светот на фудбалот, со привлекувањето на велшкото крило Гарет Бејл од тимот на Тотнем, тврди локалниот весник "АС". Според изданието, претседателот на лондончани Даниел Леви прифатил да се раздели со ѕвездата на тимот, трансферната сума за неговите права е околу 120 милиони евра. Гарет Бејл беше трансферна цел на голем број европски гиганти уште минатото лето, но тогаш велшанецот одлучи да остане со ветување на Леви, дека тој ќе добие право да преговара со друг клуб, ако Тотнем не успеа да се пласира во Лигата на Шампионите. "Спарси" завршија на петтата позиција на табелата во Премиер лигата и тоа предизвика реакција на Реал Мадрид, кој е подготвен да плати огромна сума од 120 милиони евра. Оваа сума ја надминува со 24 милиони, сумата која "Кралскиот клуб" ја плати на Манчестер Јунајтед во 2009 за правата на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, пишува "АС". Уште не е јасно дали Реал Мадрид ќе ги плати сите 120 милиони евра на Тотнем, или во договорот меѓу двата клуба ќе бидат вклучени играчи како Фабио Коентрао, Анхел ди Марија и Лука Модриќ, кој пак го напушти токму Тотнем пред една година, за да отиде во Реал. Според различни информации, "Спарси" пројавуваат интерес и кон младиот талент на Реал - Алваро Мората.

No comments:
Post a Comment