- Агент: Валенсија се интересира за Торес
Агентот на напаѓачот на Челси Фернандо Торес ја потврди информацијата за интерес за неговиот клиент од страна на Валенсија. Како што е познато, вчера некои шпански медиуми објавија дека "лилјаците" пројавуваат интерес за шпанскиот репрезентативец, има две варијантите тој да заигра на "Местаља"- позајмица за една сезона со право за трансфер или да биде купен за сума од 25 милиони евра.
"Нема што да коментирам, бидејќи мојот играч се подготвува за почетокот на сезоната во составот на лондонскиот клуб. Колку што ми е познато, Валенсија се интересира за услугите на Фернандо, но ние не коментираме такви работи до моментот во кој клубот не даде согласност за преговори. Дали Торес сака да игра за Валенсија? Ви реков, не коментираме такви работи, но еден ден тој сигурно ќе се врати во Шпанија ", изјави агентот Хозе Антонио Петон.
"Преговараме. Остана да се чека само одлуката на Челси, по што ќе се сретнеме со фудбалерот. Убеден сум дека овој трансфер ќе биде корисен и за двата клуба. Англичаните ќе добијат добри пари, а Валенсија ќе го донесе напаѓачот на репрезентацијата на Шпанија и многу познат фудбалер, кој ќе ни помогне да ги исполниме задачите во новата сезона ", изјави спортскиот директор на Валенсија, Барулио.

No comments:
Post a Comment