- Ламберт: Астон Вила е полна со голгетери
Менаџерот на Астон Вила Пол Ламберт ја пофали напаѓачот моќ на својот тим по победата со 5:0 над Уоусол вчера.
"Ова е одлично. Повторно почнавме многу добро. Пресиравме. Се обидуваме да играме со повеќе додавања и стануваме се подобри во тоа. Дефинитивно има многу голови пред нас, тоа е сигурно."
Фабијан Делф и Габриел Агбонлахор погодија во првиот дел пред Бентеке, Грејлиш и Гарднер да погодат по паузата. Ламберт се зарадува на 5-те различни голгетерот и ги пофали напорите во секој дел на теренот:
"Важно е, ако можеш да распоредиш головите помеѓу многу луѓе. Тоа го направивме. Можеше да постигнеме уште голови. Бевме многу добри. Задоволително е, и тоа што имавме чиста мрежа. Бевме солидни насекаде. Изгледавме многу добро. Добро изгледаше и нашиот пресинг во текот на целиот натпревар."
"Се подобруваме се повеќе. Има малку време до првиот натпревар од сезоната со Арсенал." изјави Ламберт

No comments:
Post a Comment