CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Thursday, 1 August 2013

ХАМАН: СИТИ Е ФАВОРИТ ЗА ТИТУЛАТА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА.

-  Хаман: Мојс не купува, Мурињо не го бидува, Сити е фаворит

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Ливерпул Дитмар Хаман верува дека тимот на Мануел Пелегрини е фаворит за освојување на Премиер лигата следната сезона.
"Манчестер Јунајтед не потпиша со никого. Останува да видиме дали некој ќе пристигне во клубот, но мислам дека Мојс има тешкотии со наоѓање на играчи. Не можам да замислам дека Фергусон нема потпишано со некого до сега, бидејќи имаше цели. Очигледно Дејвид Мојс треба да се соочи со фактот дека не е фигура од таков ранг. "
"Мислам дека тој е многу добар менаџер, и Јунајтед најверојатно ќе ја предизвика титулата, но очекувам Сити да е прв оваа година."
"Граѓаните" потрошија близу 100 милиони фунти за Хесус Навас, Фернандињо, Алваро Негредо и Стеван Јоветиќ ова лето:
"Мислам дека тие ги потрошија парите многу добро, ги пронајдоа слабости во составот од минатата сезона. За мене тие го имаа најсилниот состав минатата година, и дефинитивно тоа ќе биде така и сега. Ако сакаш да ја освоиш титулата во овој момент, ќе треба да бидеш подобар од Сити. "
"Тие се фаворити. Можеби се искажав малку глупо, велејќи дека треба да си подобар од Сити, за да ја освоиш титулата, бидејќи очигледно треба да си и подобар од останатите 19 тима. Но, мислам дека ако го победиш Сити оваа година, ако си пред нив на табелата, тогаш ќе бидеш победник во лигата. За мене ова е најсилниот тим, фаворит. "
Хама продолжи со зборови за Жозе Мурињо, како не верува дека Португалецот може да го повтори својот успех од предходниот престој во Челси:
"Не сум сигурен за Челси. Некои од играчите таму се пред крајот на кариерата. Тери, Лампард, Кол, Чех, па ќе видиме дали Мурињо ќе се справи со оваа ситуација. Тој направи голем успех во предходниот период со Челси , но сега не сум сигурен дека Челси може да го повтори тоа. Тие изгледаат многу добро во напад, но во дефанзивата имаат еден или два проблема на кои треба да работат. "

No comments:

Post a Comment