- Пенали му донесоја успех на Евертон против Јувентус
Тимот на Јувентус дојде до реми 1:1 во контролниот натпревар против Евертон. Дуелот беше од турнирот "Гинес" и се одигра во Сан Франциско, САД. "Карамелите" прв го открија резултатот преку Кевин Миралас во 61-тата минута, но Квадво Асамоа го врати нерешениот резултат во 80-тата минута. Така требаше да бидат изведени удари од единаесет метри, по што Eвертон победи со 6:5 во пенал рулетот.
На тој начин англичаните си обезбедија место во полуфиналето, каде што го чекаат победникот од натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Лос Анџелес Галакси.
Евертон: Хауард, Бејнс (Овиедо 64'), Стоунс, Џагиелка, Гибсон (Осман 64'), Дистен, Миралас, Пиенар,Колман, Фелаини, Аничебе (Баркли 88').
No comments:
Post a Comment