- Дефо возбуден од новите засилувања во Тотнем
Напаѓачот на Тотнем Џермејн Дефо не ја криеше возбудата од класата на новите засилувања во тимот. "Спарси" веќе потпишаа со Паулињо од Коринтијанс и Насер Шадли од Твенте, а во наредните денови се очекува клубот да го договори и Роберто Солдадо од Валенсија. Со нив Дефо е убеден дека тимот ќе биде уште посилен во новата сезона.
"Тоа се тројца играчи на највисоко ниво, кои ќе ја подигнат класата на Тотнем. Од нив досега само Шадли веќе е кај нас. Јас сепак му реков дека тука атмосферата е прекрасна и на него ќе му се допадне. Разбирам и зошто луѓето се возбудени од претстојниот трансфер на Солдадо. За мене исто ќе биде многу пријатно да играм заедно со него ", изјави Дефо.

No comments:
Post a Comment