Thursday, 1 August 2013

ЏЕРАРД: СЕЗОНАТА НА ЛИВЕРПУЛ ЗАВИСИ ОД ЛУИС СУАРЕЗ...

-  Џерард: Сезоната ни зависи од останувањето на Суарез

Сезоната на Ливерпул зависи многу од Луис Суарез, категоричен е капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард. Уругвајскиот напаѓач сакаше да го напушти клубот во текот на летото, но главните кандидати за неговиот потпис Арсенал и Реал Мадрид не испратија прифатлива понуда до раководството на Ливерпул.
 "Тешко е да се заврши секоја сезона во првата четворка на првенството, бидејќи сами гледате со какви ресурси и фудбалери располагаат Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челси. За четвртото место се борат Ливерпул, Тотнем и Арсенал. Дали ќе бидеме четврти, или пак не , тоа зависи целосно од Луис Суарез. Ако го изгубиме како наш кадар, тогаш работите ќе станат уште потешки, особено при трансфер во Арсенал. Луис е еден од најдобрите фудбалери во светот. Во моментов најдобри играчи се Кристијано Роналдо и Меси, а веднаш по нив доаѓаат Гарет Бејл и Луис. Затоа и нивните имиња се толку актуелни, но ние треба да се потрудиме Суарез да остане кај нас. Зборувам со него секој ден, но сепак треба да го почитуваме и личниот избор на фудбалерот . Секој од нас е индивидуа и превзема сопствени одлуки ", рече Џерард.
НОВО: "Прекрасно ќе го разберам, ако тој замине во Реал Мадрид или Барселона, бидејќи е јужноамериканец. Како фудбалер е доволно добар за да игра за секој еден од овие два тима. Да, за неговото семејство, исто така ќе биде добро. Маскерано, Чаби Алонсо, многу од овие врвни фудбалери, со кои имав можност да играм заедно, сонуваа да играат во Реал или Барселона. Затоа сметам дека на местото на Суарез јас би го дочека предлог од еден од овие клубови ", смета Џерард.



No comments:

Post a Comment