- Манчестер Сити подготви понуда за Елаким Мангала
Манчестер Сити продолжува да бара варијанти за да ја засили својата одбрана. Според информации на електронското издание "Goal.com" тимот подготвува понуда за дефанзивецот на Порто Елаким Мангала.
Засега е јасно, дека од Сити уште не упатиле официјална понуда за Мангала, но тимот во никој случај не е склон да ја плати бараните сума од Порто 44 милиони евра. Се смета дека двата тима, сепак можат да стигнат до компромис за цената на играчот.
Интересот на Сити кон Мангала не е од ден и два, и пред одредено време тимот бил поврзуван со неговото привлекување.
22-годишниот фудбалер успеа да се промовира, како еден од најдобрите дефанзивни фудбалери на Порто и дури заработи место во репрезентацијата на Франција, иако никогаш не играл во француската Лига-1.
До моментов тој има 3 натпревари за репрезентативниот тим на 'Петлите'.

No comments:
Post a Comment