CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 30 August 2013

РЕСПЕКТ: ГОЛМАН ВО АНГЛИЈА СПАСИ ЖИВОТ НА НАВИВАЧ

-  Голман спаси живот на гледач

Понекогаш судбината има исклучително интересни патишта , по кои ја одредува судбините на луѓето. Голман на аматерски фудбалски клуб во Англија спаси живот на гледач секунди откако беше исклучен со црвен картон. Ова се случи за време на средбата помеѓу Стокбриџ и Кингс Лин , кои играат во седмата дивизија во англиската фудбалска хиерархија .
Кон крајот на средбата 29-годишниот голман на гостите Бен Скот добил директен црвен картон за опасно влегување врз противник. Токму кога го напуштил теренот и тргнал да излегува, возрасен човек на околу 70 години добил срцев удар на трибините. Тој сепак имал среќа во близина да биде голманот на противничкиот тим , кој работи во болница .
"Почнав да излегувам од теренот, добивајќи убава порција свирежи кога видов млада девојка да трча покрај мене ".
" Таа рече " еден човек умре " . Јас ја следев до трибините и го видов човекот како лежи на подот . Неговото срцето имаше неправилни ритам" .
Скот му помогнал на лекарскиот тим да го изврши неопходниот шок кој ќе ја врати срцевата активност во нормален ритам .
"Беше фантастична тимска работа, која му овозможи на овој господин да се бори за својот живот . Треба да имате на ум дека овие момци од дежурниот тим работиме бесплатно. Тие се фантастични", објасни Скот пред ББС.
Подоцна постариот човек беше однесен во болницата Кралица Елизабета, каде се опоравил и бил испишан за да си отиде дома.

No comments:

Post a Comment