- Кагава нема да го напушти "Олд Трафорд"
Шинджи Кагава нема да го напушти Манчестер Јунајтед , објави агентот на јапонскиот играч .
Гласини за ваквата можност се појавија откако фудбалерот не одигра ниту една минута во првите два натпревари од Премиер лигата , а против Виган за" Комјунити Шилд " влезе од клупата и играше помалку од 10 минути .
" Шинджи нема да го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се бори за своето место. Поради Купот на Конфедерации тој не успеа да спроведе целосна подготовка и сеуште не е во форма , па ова е причината да не игра во моментов ".
" Од Атлетико прашаа за него , дознале дека може да го земат на позајмица, но тоа не е точно, бидејќи тој цврсто сака да остане во Јунајтед", изјави агентот на Кагава Томас Крот. Спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк исто така, призна дека барањето до англискиот клуб добило негативен одговор .

No comments:
Post a Comment