- Брендон Роџерс: Имаме пари за трансфери, но бараме класа
Имаме доволно средства, но нема да ги користиме само за да земеме фудбалер кој нема да му биде потребен на тимот.
Тоа го изјави менаџерот на Ливерпул Брендон Роџерс, кој потроши до сега околу 25 милиони фунти за нови засилувања.
Во текот на летото на "Енфилд" приставане Коло Туре, Симон Мињоле, Јаго Аспас и Луис Алберто, но сепак тренерот на Ливерпул продолжува да барате соодветни фудбалери за засилување на составот.
"Работиме напорно за да донесеме човек со соодветни квалитети, кој ќе ни помогне да ги оствариме нашите цели", коментира Роџерс.
"Располагаме со доволно средства да донесеме играч со потребните квалитеи, но ако тоа не се случи, нема да ги трошиме, само за да кажеме дека сме зеле некого", додаде Роџерс.

No comments:
Post a Comment