- Дејвид Мојс: Го заслужив своето место во Јунајтед
Сајмон Стоун, "Меил"
- Мистер Мојс, Гери Невил, изјави дека вашето назначување за тренер на Манчестер Јунајтед е победа на здравиот разум, бидејќи на "Олд Трафорд" бараат долгорочен план. И вие ли гледате работите така?
- Се надевам дека ова ќе инспирира повеќе тренери во нашата земја да мислат дека патот кон големите клубови не е затворен. Во последните неколку години беше многу тешко за британски тренер да се дојде до работа во голем клуб. Но јас, исто така, морав да си го заслужуам моето признание. Бев менаџер во Премиер лигата 11 години, во Евертон. Минав таму од долните дивизии, каде пред тоа го водев Престон. Требаше да ги освојам симпатиите, за да дојде до тоа ниво. Во тоа време патував многу во странство, на многу конференции и тренерски семинари, за да се обидувам и да се развивам како тренер. Сега некои претседатели на клубови земаат брзи и инстиктивни решенија и назначуваат различни тренери. Мојот пат беше друг. Мојот пат требаше да биде долг, бавен, прогресивен, и се надевам, се подобар. Се надевам дека имало малку разум во одлуката за мене.
- Ве изненади ли, понудата на Јунајтед?
- Манчестер Јунајтед секогаш биле наклонети да изберат малку на поинаков начин. Тие секогаш бараат долговечност и стабилност. Тие не се клуб кој го менува редовно својот менаџерот. Поради оваа причина јас се почувствував уште по пријатно кога ми понудија работа, бидејќи знаев дека тоа е клуб кој бара човек за доста долго време.
- Освен Јунајтед, првите 4-ри тимови во Премиер лигата ги ценат повеќе странските специјалисти. Тоа предизвикува ли поголеми очекувања од вас? Се надеваат ли се повеќето британски тренери да успеете, затоа што тогаш и тие би можеле да добијат таква шанса?
- Луѓето кои дојдоа во Премиер лигата, се одлични. Арсен Венгер прави одлична работа за Арсенал. Рафаел Бенитес имаше навистина успешен престој во Ливерпул и се справи добро и во Челси за краткиот престој таму. Жозе Мурињо заврши неверојатна работа во Челзи и секаде на друго место тогаш. Имавме навистина многу добри странски тренери, од кои сите имавме корист. Би било одлично доколку би можеле и ние да праќаме повеќе британски тренери во други земји, како што се Португалија, Шпанија или Германија. Би било одлично за развојот на самите тренери.
- Како играч на Данфермлин вие често сте оделе надвор од граница (во Англија), за да се гледате натпревари во слободниот ден. Тогаш дали некогаш сте се замислиле да станете тренер?
- Секогаш сум сакал да бидам дел од фудбалот. Но никогаш не мислев дека ќе имам доволно среќа да бидам менаџер, особено на ова ниво. Јас работев навистина здраво. Непосредно пред Светското првенство во Франција бев назначен за менаџер на Престон. Мораше да побарам Фудбалската Асоцијација да ме финансира затоа што сакав да одам на светското првенство и да учам. Пишав до сите земји за да ги праша дали можам да ги гледам нивните тренинзите. Единствената земја која ми одговори и рече "да", беше Шкотска со Крег Браун. А јас сум шкотланѓанец и веќе имав одено на сите нивни тренинзи. Имав билети за некои натпревари, но не беше доволно. Зедов еден мал автомобил, добив некое финансирање од фудбалската асоцијација. Едноставно не заработував доволно. На крајот правев обиколки со колата и дури спиев во неа неколку ноќи. Такви работи правев во обидот да придобијам малку повеќе знаење.
Не беше ли полесно, да ги следите натпреварите по телевизија?
- Сакав да се обидам и да учам. Гледав како Крег Браун ги води тренинзите на Шкотска. Секогаш сум сметал дека е важно да се набљудува и да учиш, и да се обидуваш да станеш подобар. Сега не сум поинаков. Секогаш гледам. Кога бев помлад, отидов да го гледам тренингот на Милан. На денот кога Анчелоти беше отпуштен, ние го победивме Челси на "Гудисон" (2011). Карло стоеше во ходникот. Јас го видов и отидов да разговарам со него.
Тој рече: "Ја изгубив работата и сега, Дејвид, јас ќе дојдам да ги гледам твоите тренинзи". Го прифатив тоа како голем комплимент.
- Колку време ќе ве однесе да се запознаете со играчите на Јунајтед? Сеуште не сте се сретнале со Хавиер Ернандез и Антонио Валенсија.
- Се е ново за нив сега. Во клуб како Манчестер мора брзо да ги запознаеш сите и начинот на работа. Како менаџер на тебе не ти се дава време, не можеш да посакаш време. Сè што можете да направите, е да се надеваш дека луѓето имаат здрав разум и да видат до каде се обидуваш да стигнеш и што се обидуваш да направиш.
- Дали сте силен? Ќе добиете многу мислења од секаде за сè, на пример трансфери. А и луѓето се нестрпливи.
- Идеалниот случај е да направите трансферите порано. Така би било подобро. Но од различни причини не беше можно да се остварат досега. Јас сум убеден дека ќе ги реализираме.
- Во Евертон моравте да се справите во рамките на ограничен буџет. Сега сте на највисоко ниво и гледате какви пари трошат Монако и ПСЖ, на пример. Многу се. А вие ќе треба да се натпреварувате со тоа.
- Тоа не е нешто од што Манчестер Јунајтед се плаши. Повеќе од среќни сме дека можеме да се натпреваруваме со сите тимови. Внимавајте промена во динамиката, бидејќи ПСЖ се појави на сцената во последно време. Тоа ги промени работите, но Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде конкурентен ривал. Тоа е клуб со историја, со име, со успеси. Играчите сакаат да се дел од него и еден ден да кажат дека играле за Манчестер Јунајтед. Ова е голема движечка сила за секој играч.

No comments:
Post a Comment