- Мурињо: Треба да се научиме да ги користиме на најдобар можен начин квалитетите на Торес
Менаџерот на Челsи, Жозе Мурињо изјави дека "сините" од Лондон треба да ja прилагодат својата игра кон стилот на 29-годишниот шпанскиот напаѓач на тимот Фернандо Торес, за да може тимот да ги икористи на најдобар можен начин неговите квалитети.
"Тој (Торес) веќе не е дете, неговата возраст е таква што тешко може да го промени стилот на игра. Тој е таков каков што е, и има многу добри квалитети, па мора да се научиме да ја поддржуваме неговата игра. Чуствувам дека е силно мотивиран, работи многу. Мислам дека некои од тренинзите кои ги правиме во напад одговараат на неговите квалитети. ќе видиме што ќе покаже иднината. Ние сме тука за да го поддржиме.
Кога ќе го видиме Торес со грбот кон голот на противникот, опкружена од двајца или тројца дефанзивци, знаеме дека тој нема да создаде нешто магично. Но тоа е Торес. Сакаме тимот да го подобри начинот на игра со него во нападот. Нема да ја ремоделираме неговата играта, тоа е невозможно. Но сакаме да го научиме тимот како да ги користи на најдобар можен начин неговите квалитети, бидејќи тој си игра по неговиот начин ", додаде португалскиот стручњак.

No comments:
Post a Comment