- Тата: Цеск ќе одлучи дали ќе остане или ќе отиде во Манчестер Јунајтед
Новиот тренер на Барселона Херардо Мартино им даде надежи на Манчестер Јунајтед дека трансферот на Цеск Фабрегас може да има и позитивна разврска за "црвените ѓаволи", откако Тата, изјави дека одлуката е целосно во рацете на фудбалерот.
"Би сакал тој да остане и тврдам дека ќе го направи, но одлуката е негово. Имав краток разговор со него и му кажав што мислам. Цеск ќе го реши излезот од оваа ситуација, но на мене не ми паѓа на памет и помислата дека нема да можам да сметам на него. Тој е еден од најдобрите играчи во тимот. Мислам дека ќе остане, но одлуката за тоа е негово. Ако зависи од мене, нема шанси тој да си замине ", изјави Мартино.

No comments:
Post a Comment