- Фердинанд: Младите треба да се борат, за да ме изместа од тимот
34-годишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд изјави дека нема намера да го отстапува своето место во стартниот состав на тимот заради младите конкуренти.
"Минатата сезона се беше како што треба. Тоа е голема историја и во овој клуб секогаш растат млади играчи кои си го загарантирале местото во тимот - јас сум целосно зад тоа, но исто така сакам да играм".
"Сакам да играм за Манчестер Јунајтед и младите момци ќе треба да се борат, за да будат во тимот, како што јас го правев тоа кога бев млад. Сега нашите улоги се менуваат, но е очигледно дека за освојување на трофеи е потребна конкуренција внатре во тимот и во овој поглед се е во ред - поддршка ќе добијат сите играчи, без оглед на тоа дали играат или неиграат редовно ", изјави Рио Фердинанд.

No comments:
Post a Comment