- Радост во Челзи: Кевин Де Брујин оздраве по повредата
Младата надеж на Челзи Кевин Де Брујин веќе е кај своите соиграчи во САД. Белгиецот заработи повреда за време на втората контрола на сините во Азија и беше изнесен на носилка.
За среќа на Де Брујин и Жозе Мурињо, повредата не беше тешка и сега тој ќе се врати во игра.
Уште не е јасно дали белгиското крило ќе игра против Интер оваа ноќ. Самиот фудбалер призна дека е подготвен, но е премногу веројатно тој да го пропушти контролниот натпревар, за да не се добие непотребно усложнување на повредата..

No comments:
Post a Comment