- Пејач на популарната поп група потпиша со Донкастер
Пејачот од британската поп група One Direction - Томлинсон, ќе се претстави со нов талент. Изненадувачки членот на бендот потпиша договор со фудбалскиот тим од родниот град Донкастер. Информацијата беше раширена од англиските спортски сајтови под натписот "водечка вест".
21-годишен Томлинсон,потпиша договор и го зеде дресот со број 28 на Донкастер Роверс.
"Тоа отсекогаш беше мојот детската сон. Чест ми е што ме замолија да потпишам со Донкастер Роверс", рече пејачот.
Навивачите на поп групата сепак не треба да се загрижени дека миленикот ќе го напушти музичкиот бизнис. Томлинсон тргнува на турнеја со квинтетот, а како фудбалер најверојатно ќе се натпреварува претежно за вториот тим на Донкастер, целта е да се соберат пари за добротворни цели.

No comments:
Post a Comment