- Му одзедоа 10 поени на Ковентри, клубот се спаси од ликвидација
Проблемите за тимот на Ковентри Сити не завршуваат, откако Фудбалската лига на Англија одзеде 10 поени од идниот актив на клубот и така небесносините ќе го започнат првенството во Лига 1 со негативен биланс. Носителите на Купот на Англија за 1987-та година можеа да добијат и доста потешка казна, имено отстранување од првенството, но шефовите на Лигата одлучија да ги остават во третото ниво. Во таква ситуација во моментот Ковентри изгледа се спаси од ликвидацијата на клубот, но не е јасно колку долго ќе трае оваа состојба. Проблемите на Ковентри добија големи димензии од март оваа година по судски и административни расправии помеѓу раководството и сопствениците на стадионот од фирмата Арена Ковентри Лимитид. Тоа доведе до постепено слабеење на финансиската состојба на тимот, и во еден момент Лигата се јави како посредник со идејата да помогне за купувањето на клубот од компанијата-сопственик на стадионот. Од страна на Арена Ковентри Лимитид предлогот беше категоричноодбиен , а тоа придонесе, небесносините да бараат друго место за домаќинските натпревари. Ковентри го пријави стадион "Сиксфијлдс" во Нортхемптон за одигрување на домаќинските натпревари во следните три сезони, се наоѓа на 55 километри од нивниот град. До моментов само 215 навивачи купиле претплатнички билети за дуелите на "небесносините" во следниот шампионат.

No comments:
Post a Comment