CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Saturday, 3 August 2013

ТОТНЕМ ДОБИ "ПЕТАРДА" ОД ФАЛКАО И СОИГРАЧИТЕ.

-  Монако со убедлива победа против Тотнем

Тимот на Монако демонстрира чудесен потенцијал со убедливата победа од 5:2 над Тотнем во контролна средба одигра на стадионот "Луј II". Гостите играа без некои основни фудбалери, но покрај тоа ваква тешка загуба едвај беше очекувана од нив.
Гол фиестата започна уште во 14-тата минута, кога Џејмес Родригез поткопа една топка за Раџа, кој од волеј ја смести во голот на Уго Лорис. За само две минути во вториот дел, Монако дојде до резултат од 3:0. Прво во 47-тата минута Жоао Моутињо центрираше од прекин и Окампос со глава ја смести топката во голот. Во 49-тата минута пак Окампос центрираше за Радамел Фалкао, кој ја смести топка во мрежата. Седум минути подоцна Тотнем врати еден гол преку Хари Кејн, но во 65-тата минута повторно Фалкао ја врати предноста од три гола на "монегаските" по ново убаво центрирање на Окампос. Во 70-тата минута пак Обади ги доведе работите до 5:1, а конечниот резултат 5:2 го оформи Андрос Таунзенд во 84-тата минута на дуелот.
Монако: Субашиќ, Курзава (Тисеран 46), Карваљо (Исмат-Мирин 46), Фереира, Абидал, Раџи (Фабињо 46) Обади, Мутињо, Тулалан, Родригез (Oкампос 46), Фалкао.
Тотнем: Лорис, Вокер, Фрајерс, Ливермор , Роуз (Ноутон 66), Дембеле (Хаделстоун 76), Паркер, Ленон (Керол 80) Шадли (Таунзенд 62), Сигурдсон, Дефо (Кејн 9).


No comments:

Post a Comment