- Арсенал покажа карактер на "Емирати"
Арсенал достигна водцтво од два гола и на крајот дојде до нерешен резултат - 2:2 против Наполи во вториот дуел од "Емирати купот". Лоренцо Инсине (7 ') и Горан Пандев (28') дадоа комфорен аванс на избраниците на Рафаел Бенитез. Одличен гол со задна ножица на Оливие Жиру (72 ') и касен погодок на Лоран Кошчелни (86') им донесоа реми на домаќините. Арсенал продолжува да биде непоразен во дуелите од предсезонските подготовки.
Арсенал и Наполи имаат по три поени, по првиот ден на турнирот - по една за реми и по две за секој постигнат гол. Тимот на Галатасарај, кој претходно го победи Порто со 1:0, има четири поени. Утре Наполи игра со Порто, додека Арсенал игра против Галатасарај.
Арсенал: Фабиански, Мертезакер, Кошчелни, Џенкинсон (56-Сања), Гибс, Росицки, Ремзи (63-Окслејд-Чембрлејн) Вилшер (64-Артета) Гнабри (56-Волкот) Подолски (88-Акпом) Жиру.
Наполи: Реина, Бритос (63-Албиол), Канаваро, Место, Пабло Армеро, Бехрами (85-Џемајили) Инлер, Инсиње (76-Досена), Пандев (46-Маџо), Хамшик (65-Мертенс) Каљехон (46-Игуаин).
No comments:
Post a Comment