- Неверојатно опоравување на Коло Туре
Значително побрзо од очекуваното се опорави од повредата на препоните дефанзивецот на Ливерпул Коло Туре. Африканската централен дефанзивец заработи повреда за време на средбата на Ливерпул од второто коло на турнирот за Купот на Лигата на Англија против Нотс Каунти. Тој ја напушти го "Енфилд" со патерици, а по средбата менаџерот на "црвените" Брендон Роџерс коментира дека "ситуацијата на Коло не изгледа воопшто добро". Сепак Туре бил подложен на неверојатно добри рехабилитациони методи кои лекарите на Ливерпул ги употребиле. Освен тоа рентгенските снимки покажаа дека нема кинење на мускулни влакна или тетивите и тоа дополнително го охрабрило медицинскиот штаб на Ливерпул. Самиот Туре е изразил подготвеност и желба да игра за Ливерпул уште во дербито против Манчестер Јунајтед во Неделата, но ќе мора да помине нови медицински тестови пред дуелот, за да се утврди дали нема опасност за неговото здравје, ако учествува во овој натпревар.

No comments:
Post a Comment