CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 30 August 2013

ЛИВЕРПУЛ ДАВА 13 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДЕФАНЗИВЕЦ НА ПСЖ

-  Ливерпул понуди 13 милиони евра за Сако од ПСЖ

Ливерпул презеде финална офанзива за дефанзивецот на ПСЖ, Мамаду Сако. Според весникот "Le Parisien" "црвените"  упатиле примамлива понуда во висина од 13 милиони евра, се очекува парижани да го дадат својот одговор до крајот на денот. Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс има огромна желба да донесе уште еден квалитетен централен дефанзивец во тимот, па Сако, Тиаго Илори и Кириакос Пападопулос беа во опфатот на експертот. Во моментов, сепак напорите на "црвените" се насочени целосно кон французинот, кој е посакуван и од Рома и Милан. Сако не е прв избор за Лоран Блан и желбата на самиот играч е да премине во Ливерпул. 13 милиони евра пак изгледаат добра понуда за фудбалер, чии договор истекува по една година.

No comments:

Post a Comment