CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 30 August 2013

ОД ЕВЕРТОН БАРААТ ПО 25 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ФЕАЛИНИ И БЕЈНС

-  Евертон побара по 25 милиони за двете ѕвезди

Сопственикот на Евертон Бил Кенрајт сака да добие по 25 милиони англиски фунти за ѕвездите на својот тим Маруан Фелаини и Лејтон Бејнс, кои се барани од шампионот Манчестер Јунајтед, пишува во денешното издание таблоидот "Дејли мирор". "Црвените ѓаволи" упатија нова пакет понуда за двајцата фудбалери на вредност од 38 милиони фунти, која сепак беше отфрлена уште еднаш од сопственикот на "карамелите". Според "Мирор" шефот на тимот од "Гудисон парк" сака да го задржи во тимот англискиот репрезентативец Бејнс и е подготвен да преговара за продажба на Фелаини, кого го проценува на околу 25 милиони и бонуси. Ако дојде до продажба и на Бејнс, Кенрајт се надева дека ќе добие доволно добра цена за својот фудбалер. Токму затоа тој објавил дека сака по 25 милиони за секој од двајцата играчи.

No comments:

Post a Comment