- Бејл се збогуваше со своите соиграчи и со Вилаш-Боаш
Ѕвездата на Тотнем Гарет Бејл се збогуваше вчера со своите соиграчи, потпишувајќи се на дресовите на дел од нив. Велшанецот е на чекор од трансфер во Реал Мадрид, што по секоја веројатност мегазделката ќе го претвори во најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот. Според информациите двете страни постигнале принципиелен договор за трансферот, чија вредност се очекува да биде во износ од 120 милиони евра, останува да се договорат некои детали, и тоа кој од сегашните играчи на "белите" ќе премине на "Вајт Харт Лејн ". Вчера останатите фудбалери на Тотнем заминаа за Монако, каде денеска ќе одиграат контрола против истоимениот тим. Бејл сепак не замина со своите соиграчи. Според информации на "Сан" и менаџерот на "Спарси" Андре Вилаш-Боаш се збогуваше со Бејл, при што му посакал се најдобро. Очекувањата се трансферот да биде финализиран на почетокот на следната недела, што практично значи дека Бејл веќе го имал последната тренингот со Тотнем. Токму поради тоа вчера се одржало и емоционалната збогување.

No comments:
Post a Comment