- Барнли и Болтон со реми на стартот на Чемпионшип
- Помалку од 13 000 луѓе посетија Ланкаширското дерби.
Барнли и Болтон завршија 1-1 во Ланкаширското дерби на стартот на сезоната во Чемпионшип дивизијата. Автогол на Уедер им донесе предност на домаќините во дуелот на "Тарф Мур", но Болтон стигна до реми во 37-тата минута, кога прецизен беше Пратли.
Средбата помина во офанзивна игра, шанси имаа и двата состави. Ингс влезе опасно по десното крило во 26-тата минута, тој упати удар кон голот на Болтон, топката рикошира во ногата на Уидер и ја мина гол линијата во далечниот агол на голот на Болтон- 1-0!
Десетина минути подоцна Болтон се врати во натпреварот - Игалс прати одличен пас кон Пратли, а последниот маестрално го матира Хијтон - 1-1!
По паузата средбата стана прилично "досадна" и ситуациите беа многу малку. Едвај во 83-тата минута Крег Дејвис упати шут од далечина за гостите, но Хијтон со крајни напорни ја исфрли топката во корнер. Малку потоа Ингс исто се обиде со шут од далечина, но голманот на Болтон ја фати без проблем топката.
Барнли: Хијтон, Трипар, Лаферти, Марни, Лонг, Шејкел, Валас, Џонс, Ингс (89-Едгар), Фокс, Станислас .
Менаџер - Шон Дијш.
Болтон: Богдан, Баптист, Тирни, Ендрјус, Најт, Уедер, Игалс (63-Нгог), Медо, Бекфорд (79-Крег Дејвис), Пратли, Ли.
Менаџер - Даги Фридман.
Судија - Марк Клатенбърг. Жолти картони: Трипар (Барнли).
Барнли "Тарф Мур" - 12 919 гледачи.

No comments:
Post a Comment