- Ливерпул продолжи победнички и во јубилејниот натпревар на Џерард
Тимот на Ливерпул продолжи со победничката серија во предсезонските подготовка, откако победи со 2:0 над грчкиот шампион Олимпијакос во јубилејниот натпревар на капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард, кој одбележа 15 години во дресот на "црвените". Навивачите на "Енфилд" ги исполнија трибините на стадионот до последно место, а головите за домаќините ги реализираа Џо Алан пред одморот и резервата Џордан Хендерсон во 62-тата минута. Освен двата гола домаќините создадоа уште неколку шанси за гол кои сепак не успеаја да ги реализираат. Сепак навивачите на домаќините останаа задоволни откако во петти последователен натпревар Ливерпул победи во предсезонските подготовка и тоа без да прими гол во сопствената мрежа.
Составот на Ливерпул: Симон Мињоле (84-Бред Џонс), Глен Џонсон, Даниел Агер, Коло Туре (62-Џејми Карагер), Хозе Енрике, Џо Алан (62-Џордан Хендерсон), Лукаш Леива, Стивен Џерард (84-Џеј Спиринг ) Рахим Стерлинг (73-Роби Фаулер) Јаго Аспас (62-Луис Суарез), Филипе Коутињо (73-Луис Алберто).
No comments:
Post a Comment