- Бентеке со гол за победа на Вила
Астон Вила со нова победа во контролен натпревар во предсезонските подготовки. Со победа од 2:0 над Шамрок Роверс во пријателска средба одигра во Даблин, Ирска.
Андреас Вајман го отвори резултатот за Астон Вила уште во 15-тата минута на дуелот, откако доби топка на "послужавник" од Кристијан Бентеке кој го помина голманот на домаќините и му додаде на Вајман на празен гол, за да постигне погодок за 0:1. По точно половина час игра гостите ја зголемија својот предност, откако самиот Бентеке постигна погодок за 0:2. Тој зафати центрирање на Метју Лоутон од десното крило и со глава го оформи крајниот резултат. По паузата Вила го промени прилично составот и резервите на Пол Ламберт не успеаја да реализираат повеќе погодоци во голот на својот ривал и така Астон Вила се задоволи со успехот од само два гола предност.
No comments:
Post a Comment