CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 30 August 2013

ВЕНГЕР СО ПАКЕТ ПОНУДА ЗА ТРИО НА РЕАЛ МАДРИД

-  Притиснатот до ѕидот Венгер прави очајнички обид да потроши 70 милиони за трио на Реал

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, кој се уште не може да направи голем трансфер ова лето, ќе направи очајнички обид да ги потроши добиените 70 милиони фунти за селекција. Според "Дејли Меил" французинот ќе ја стави целата сума на маса за тројца играчи на Реал Мадрид - Карим Бензема, Анхел ди Марија и Месут Озил. Весникот тврди дека двете страни веќе започнале преговори за реализирање на трансферот. И тројцата играчи инсистираат дека сакаат да останат на "Сантијаго Бернабеу", но сепак "белите" се подготвени да се разделат со барем некој од нив во потрага по финансиски баланс.
Арсен Венгер е пристиснат од времето, но сигурно ќе направи се што е можно да донесе еден топ централен напаѓач, откако вчера стана јасно дека Лукас Подолски е аут за 10 недели.

No comments:

Post a Comment