CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 30 August 2013

ВЕСТ ХЕМ ПОСАКУВА ИГРАЧ НА ФЕЈНОРД.

-  Вест Хем сака холандски репрезентативец

Дефанзивецот на Фејнорд, Бруно Мартинс Инди е трансфер цел на Вест Хем, тврдат медиумите во Англија. Претставници на "чеканите" го следат настапите на фудбалерот од почетокот на сезоната и останале задоволни од прикажаните квалитети на младиот фудбалер. Менаџерот Сем Алардајс е во потрага по класен централен дефанзивец и се фокусирал на холандскиот репрезентативец. Проблем може да биде цената на играчот, бидејќи холанскиот тим нема да го продаде играчот за помалку од 5 милиони евра.
Бруно Инди е на 21 години, но за национален тим на Холандија веќе има одиграно 10 натпревари и стручњаци му предвидуваат светла иднина на дефанзивецот.

No comments:

Post a Comment