- Арсен Венгер: Во фудбалот има повеќе пари отколку талент
Сами Мокбел, "Дејли Меил"
Г-дин Венгер, како Арсенал ги открива најдобрите таленти на еден толку конкурентен и глобализиран пазар?
- Една од нашите силни страни е, што младите играчи знаат дека ние ќе им дадеме шанса за докажување. Но она што се стремиме да го направиме е да ја претвориме нивната мотивација во успех.
- Но што значи некој да е мотивиран, и како успевате да останете мотивирани?
- За мене лично мотивиран е оној човек, кој е способен да ги избере оние средства кои му се потребни за остварување на дадени цели. На пример порано денес излегов да потрча во Сајтама, но не можев да го најдам патот назад. Бев мотивиран да се вратам во хотелот, но не можев да го пронајдам патот. Па јас се мотивирав уште повеќе и конечно го најдов патот кон хотелот.
- Но, што сакате да покажете со ова?
- Тоа покажува дека мотивацијата е од суштинско значење, но не е доволна. Ви треба исто така постојанство во мотивацијата и тоа се обидуваме да го тестираме колку е можно подобро во своите играчи. За мене тоа е многу поценет квалитет. Можев да кажам: "Добро, не можам да го најдам патот назад кон хотелот, па да се обидам дали можам да најдам такси". Но бидејки сум спортист, решив да не земам такси и да го пронајдам патот назад, без разлика колку време ќе ми биде потребно, па продолжив да трчам. Ова го мислам, кога велам да си доследен во мотивација, издржливоста на твојата мотивација. Ако ги погледнете луѓето, што постигнале успеси, ќе видите дека тие се доследни во својата мотивација. Многу луѓе што почнуваат диети на 1 јануари, од кои некои издржуваат до средината на јануари, други до средината на јуни, а некои продолжуваат долго време. Ние сме заинтересирани за оние кои продолжуваат, бидејќи тоа го прави еден спортист успешен. Тоа не мора да значи дека успешните спортисти се среќни луѓе, но значи дека се решителни и подготвени да се повредат себе, за да постигнат успеси. И токму овој тип играчи ги бараме ние. Луѓе кои многу очекуваат од себе и помеѓусебе за долго време. Оваа конзистентна мотивација е применлива во фудбалот, бизнисот и сето она што го правите во животот.
- Каде ги барате овие таленти?
- Во целиот свет. Едноставно е. Поминав многу време во фудбалот и сеуште мислам дека е малку чудо колку брзо оваа игра стана популарна во целиот свет. Денес, кога нешто се случува во Лондон, во Сајтама го разбираат истата минута. Па тоа значи дека Арсенал е светски клуб и ние сме заинтересирани за таленти од целиот свет. Светот е мал. Пред одредено време мало момче од Сајтама никогаш немаше да има шанса да стане играч од светска класа, но денес ја има оваа можност. Бидејќи, ако поседува талент и решителност, тој некаде ќе добие шанса и тоа се обидуваме да правиме и ние. Се обидуваме да гледаме низ целиот свет, да трагаме по играчи кои имаат талент и желба, бидејќи за жал во фудбалот има повеќе пари отколку талент.
- Какво искуство имате во помагање на таленти и нивното претворање во играчи од светска класа?
- Сметам дека едно од најдобрите нешта при раководењето на луѓе е дека можеме да влијаеме позитивно на нивниот живот. Тоа е една од главните задачи на менаџерот. Кога ќе успеам да го направам, јас сум многу среќен. Тоа не е само дел од мојата работа, бидејќи најважно е да победувам, но тоа е многу важен дел. Во свет полн со ѕвезди, е важно да им кажуваш на играчите: "Ти уште не си ѕвезда, но можеш да станеш, и јас ќе ти дадам шанса". Во Арсенал се гордееме што го правиме тоа и сме се бореле против политиката за купување само на ѕвезди. Треба да разберете дека играч кој е ѕвезда, некогаш беше непозната личност, која имала талент. Ние сакаме да сме клубот кој ќе му даде шанса на такво момче.
- Вие работите со некои од нај-високо платени спортисти во светот, па колку голем фактор е егоизмот во вашата работата како менаџер?
- Ако ме прашувате дали егото е голема, да. Треба да знаете дека човек, како и голема ѕвезда да е, е подготвен да те слуша, ако тоа му одговара на неговите потреби. И условот е тој да ве тестира прв. Дали менаџерот е способен да го направи таков играч каков што тој сака да биде. За жал во менаџерството не можеш да мамиш долго време. Кога си во тим од 30 лица, играчите го откриваат многу брзо слабостите на твојот карактер. Па моментот на вистината е, кога играчот ќе се соочи со вас. Тие следат и потоа се обидуваат да одлучат дали можеш да им помогнеш. Доколку сметаат дека ти си човекот кој може да им помогне, ќе почнат да те почитуваат. Следниот чекор е да одлучат дали се во тим кој може да им помогне да бидат успешни. Имавме проблеми, кога бевме финансиски ограничени. За многу играчи ние не поседуваат доволно ѕвезди, за да станеме успешни толку брзо како што тие сакаа. Се разбира, ова е еден од проблемите со кои се соочуваме во нашата работа.
- Вашата идејата за фудбалската уметност само преку резултати на теренот ли е применлива?
- Менаџерот е водич. Тој зема една група луѓе и вели: "Со вас можам да го направам тимот успешен, можам да ви го покаже патот." Но, прво треба да имате јасна идеја што точно сакате. Јасен концепт, кој ќе го направите разбирлив, за да можат тие да работат со вас, а тоа не е многу лесно. Затоа ми беше многу интересно да работам во Јапонија предходно, бидејќи треба да ги пренесете најточно своите идеи и треба да се адаптирате на разликите во културата. И понекогаш треба да ги подржите свои идеи дури тоа да е против резултатите.
- Има ли разлика во управувањето со луѓе во фудбалот и во бизнисот?
- Не сосема. Основната разлика е во тоа што во поголемиот дел од времето во бизнисот ти раководиш зрели луѓе. Во фудбалот работиш со 18 -, 19 - и 20-годишни. Одговорностите се доста големи за нив. Заборавиме дека овие играчи треба да играат под огромен притисок, пред 60 000 гледачи, со огромна одговорност да го добијат натпреварот. Не сум многу сигурен како јас би реагирал на тоа, ако бев на 20, богат, познат и голема ѕвезда - не е лесно да се справиш со тоа. Другата голема разлика е, ако работиш во канцеларија, можеш да користиш 70% од потенцијалот и пак да се справиш добро. Како фудбалер не можеш да користиш 70% од својот потенцијал и да играш подобро. И од тука доаѓаат стресот и напнатоста. Еден слаб играч може да ве чини натпревар. Секоја минута фудбалерот се тестира себе, а тоа го става телото под притисок, бидејќи знаете дека на теренот треба да си секогаш на 100%. Тоа е спортот на највисоко ниво.
- Има ли пазар во Европа за јапонски фудбалери?
- За менаџерот е сон да има јапонски фудбалер. Ако му кажеш да трча 10 круга, уште пред да си ја кажал реченицата, тој веќе ќе почнал да трча. Во Европа треба да го убедиш играчот дека треба да трча 10 круга.
- Кои се клучните состојки на еден победнички тим?
- Не треба да имате слаба позиција. Ви требаат играчи кои се способни да ги решаваат натпреварите. Вит треба тим кој го спречува противникот да постигнува голови, како и добар голман и добра одбрана. Треба и да постигнувате голови. Треба ви играч кој може да ја подаде топката на друг, кој може да постигнува голови. Ако имате играч кој може да асистира за голови, тогаш вие секогаш ќе имате шанса да победи на натпреварот. Останатото се базира на тимската работа и однос.
- Како се справувате со тим во кој има толку многу култури?
- Ја создаваме наша сопствена култура. Во текот на годините сум работел со луѓе од 18 различни земји. Пример да доаѓаш навреме, не е исто за еден јапонец и за еден французин. Кога французинот задоцни за 5 минути, тој сеуште мисли дека дошол навреме. Во Јапонија, ако стасаш порано со 5 минути, сметаш дека си задоцнил. Тоа значи дека треба да создадеш нова култура и да воспоставиш правила на однесување, да создадеш тимска култура. На овој начин, кога некој ќе ја премине границата, можеш да кажеме: "Види, пријателе, не се договоривме така". Па затоа е важно да има јасни правила и секој да ги знае и да е согласен со нив.
- Имате ли метод со кој да го инспирирате својот тим, кога играчите се потиснати?
- Живееме во такви времиња, секој ти кажува што немаш. Поголемиот дел од времето јас му споменувам на тимот и на играчите за квалитетите кои ги имаат. Никој од нас не ги има сите квалитети на светот, но убавото е тоа што сите можеме да бидеме успешни, без да ги имаме сите квалитети. Играчите не треба да ги заборават квалитетите кои ги немаат.
- Во бизнисот многу нешта зависат од личните цели на поединци.
- Успехот во животот е баланс помеѓу личните достигнувања и соработката со другите. Западот е целосно фокусиран на индивидуални достигнувања, треба да бидеш успешен независно од сè. Дури и ако треба да убиеш партнери, па дури и да треба да мамиш - само едно нешто има значење и тоа е индивидуалниот успех по секоја цена. Но јапонската култура е насочена повеќе кон соработката со другите, кон интеграција во колективниот дух на компанијата. Индивидуалното исполнување не се признава како колективниот успех. Но во Европа ние постапуваме по сосема друг начин, чувството на соработка со другите е драстично намалено. А среќата е поврзано со најдобар баланс меѓу двете. За тоа станува збор во тимските спортови. Добар фудбалер треба да чувствува дека може да се изразува, но исто така и да е корисен за тимот. Ако едно од двете недостасува, никогаш нема да бидете целосно задоволни. Тоа е магијата на тимскиот спорт.
No comments:
Post a Comment