- Гибсон оди на перација, аут е за неколку месеци
Фудбалерот на Евертон и ирскиот репрезентативец Дарен Гибсон ќе претрапи операција на коленото и ќе отсуствува подолго време од игра, соопштија од клубот од Премиер лигата. 25-годишниот Гибсон доби оштетување на лигаментите на коленото во вчерашните квалификации за светско првенство против Казахстан во Даблин. Тој помина медицински прегледи, кога покажаа дека хируршката интервенција е неизбежна.
"Тоа е ужасно, тој ќе го пропушти неколку месеци. Тешко ќе се врати до крајот на сезоната", изјави тренерот на Ирска Ноел Кинг .
Првичните прогнози се дека Гибсон ќе може да се врати на теренот во текот на пролетта.












