- Мартинез: Евертон можеше да е лидер на табелата
Менаџерот на Евертон, Роберто Мартинез е убеден дека неговиот тим можел да биде лидер на табелата, ако не биле грешките на стартот на сезоната.
"Дали мислам, дека со нашата игра ние заслуживме повеќе поени ? Мој директен одговор е "да", особено поради тоа што првите три натпревари се одираа за време на трансфер прозорецот, а тој влијаеше на резултатите".
"Во првите три натпревари доминиравме и бевме многу добри. Веројатно изгубивме шест поени, поради тоа мораше да земеме девет поени во следните три натпревари. Впрочем, имавме тешки средби против тешки противници и многу брзо се адаптиравме", изјави Мартинез.

No comments:
Post a Comment