- Заха и Морисон стигнаа речиси до тепачка
Двајца од најголемите таленти на Англија, Вилфред Заха и Равел Морисон, стигнаа речиси до тепачка за време на победата на младинската репрезентација на "трите лава" против Литванија со 5:0. Двајцата се фатија за гушите во средината на вториот дел, по едно изведување на слободен удар пред голот на Литванија. Брзата интервенција на халфот на Норич, Нејтон Редмонд, кој ги раздели двајцата, спречи тепачка. По натпреварот Морисон, кој постигна два гола, изјави дека ја расчистиле ситуацијата со Заха и нема никакви проблеми помеѓу нив.
No comments:
Post a Comment