- Ван Перси нема да игра против Кардиф
Лидерите на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси и Немања Видиќ ќе ја пропушти средбата од 12-то коло во Премиер лигата против Кардиф. Српскиот дефанзивец, кој заработи повреда во дуелот со Арсенал, оваа Недела тренираше со првиот состав, но Дејвид Мојс одлучи да не го ризикува неговото здравјето пред решавачки дуел со Баер во Лигата на Шампионите.
Што се однесува до Ван Перси, тој исто така е надвор од составот за денешниот натпревар поради повреда на препоните и палецот на ногата. 30-годишниот играч остана во Манчестер, за Кардиф не заминаа, исто така, Мајкл Карик и Фил Џонс.

No comments:
Post a Comment