Sunday, 24 November 2013

ВЕНГЕР ЗАДОВОЛЕН ОД ПОБЕДАТА ПРОТИВ САУТХЕМПТОН

-  Венгер: Овој пат можеме да се бориме до крај за титулата

Арсен Венгер ја отцени како многу важна победата со 2:0 над Саутхемптон во 12-то коло на Премиер лигата.
"Прекрасна победа за нас. По поразот од Манчестер Јунајтед беше особено важно да победиме повторно. Кога ќе се изгубиш таков голем натпревар и следува пауза, загубата останува во твојот ум две недели и е тешко да се заборави. Никогаш не знаеш што да очекуваш од играчите по натпреварите на националните тимови, понекогаш имаат проблеми со мотивацијата, но денес ние игравме многу фокусирано врз целта. Не ги искористевме шансите денес, но ги искористивме нивните грешки. Многу важна победа за нас против добар тим, кој покажа зошто е во топ 4. Понекогаш им се случуваат такви нешта на голманите (за првиот гол и грешката на Боруц), бидејќи напаѓачите ги пресират голманите. Можеби тој беше премногу самоуверен во ситуацијата. Имавме малку среќа, но Жиру треба да биде поздравен, што не се откажа да се бори за топката. Можевме да постигнеме и уште голови. Имаме долг пат да изодиме, но не ни недостига амбиција, концентрација и желба. Игравме против силен тим, кој покажа зошто направил реми со Манчестер Јунајтед и победил на "Енфилд", изјави Венгер пред "Sky Sports".


No comments:

Post a Comment