- Фудбалската лига инсталира "Јастребово око".
Фудбалската лига, која ги раководи англиските лиги: Чемпионшип дивизијата, Лига 1 и Лига 2, планира да инсталира видеотехнологија на гол линијата по примерот на Премиер лигата. Првично тоа може да стане факт во Лига Купот, објавија од централата. Клубовите се "за" технологијата, особено по поредниот непризнает чист гол на Островот, во натпреварот од Чемпионшип дивизијата Брајтон-Вотфорд (1:1), во кој на гостите не им признаа погодок за 0:2. Малку потоа Брајтон израмни 1:1.

No comments:
Post a Comment