Thursday, 31 October 2013

БЕКАМ СО ПОДДРШКА ЗА МОЈС.

-  Бекам го поддржи Мојс

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија, Дејвид Бекам ја изрази својата поддршка за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс.
"Играв кај Мојс во Престон и гледав како напредува во Евертон. Вистински се радувам, што токму тој ја доби работа во Јунајтед, бидејќи е извонреден како тренер и талентиран како тренер. Убаво е да го видам таму и тоа, како приврзаниците на Јунајтед го поддржуваат. Тоа е многу добар знак. Кој и да дојдеше по Сер Алекс , требаше да се соочи со тешкотии, тоа е преодено време. Но на крајот на краиштата Манчестер Јунајтед е Манчестер Јунајтед. Сер Алекс ја заврши кариерата и Дејвид Мојс застана на неговото место. Кога Јунајтед продава играчи, клубот секогаш го продолжува движењето напред и јас сум убеден, дека со Мојс ќе биде апсолутно истото", изјави Бекам.


No comments:

Post a Comment