- Суарез ги посвети головите на синот
Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез стана татко по втор пат минатата Недела, и ги искористи двата гола, со кои се врати во стартниот состав на "црвените", за да ги поздрави новородениот син.
Сопругата на Суарез, Софија му го подари на уругваецот малиот Бенџамин, а двајцата имаат и ќерка Делфина, која има три годинки.
Суарез ги постигна вториот и третиот гол за победата на Ливерпул над Сандерленд, и прво покажа слика на семејството на неговата маица под дресот, а во второто полувреме ја имаше сменето сликата со маичката со натпис за "Добредојде" Бенџамин.

No comments:
Post a Comment