Tuesday, 1 October 2013

МОЈС НЕ ГИ ПОСЛУШАЛ ПРЕПОРСКИТЕ ОД СЕР АЛЕКС

-  Дејвид Мојс ја отфрлил препорака на Сер Алекс

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс ја отфрлил препораката на Сер Алекс Фергусон да го задржи неговиот тим од помошници. Ова го откри самиот Ерик Стил, кој беше тренер на голманите на " Олд Трафорд" од 2008 година наваму. На крајот на сезоната, сепак, тој беше ослободен од Мојс заедно со Мајк Филан и Рене Моленстијн.
"Тој зборуваше со мене, Мик и Рене. Му реков дека според мене е храбра одлука. Тој ги ислуша советот на Сер Алекс, но сакаше да земе свое решение. Не сакав да напуштам и зошто би сакал? Знаев дека Дејвид доаѓа и се прашував кој ќе донесе. Од една страна беше перспективата на Јунајтед. Сер Алекс велеше "Зачувај го она што го имаме, задржи блискост, работи со нив и тие ќе тие ти помагаат. Ја превземаш контролата на огромна машина. Поминуваш од мал маркет во гигантски супермаркет".
"Од другата страна беше перспективата на Дејвид, која јас ја разбирам. Го познава професионално, ја познавам неговата работна етика. Но го обвинувам за неговата одлука. Долго време сум во играта, за да знам како стојат работите".
"Но, тоа е иронично, нели? Бев дел од тимот кој имаше одлична сезона и ја освои титулата. Давид де Геа ја направи најдобрата сезона. Не е ли, логично да останеш и да ја продолжат добрата работа? За жал, не зависи од мене. Имаше огромни промени. Менаџерот, извршниот директор, Сколс се повлече и помошните тренери. Но во соблекувалната има доволно играчи да победат, кога сезоната навистина ќе почне", коментира Стил, цитиран од Скајспортс.

No comments:

Post a Comment