Tuesday, 29 October 2013

СЕР АЛЕКС: ЈУНАЈТЕД МОЖЕ ДО ТИТУЛАТА.

-  Сер Алекс: Јунајтед е единствениот клуб во Премиер лигата, кој може да ја освои титулата после такво заостанување

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон верува дека тимот има сили да се врати во борбата за првите места и дури да ја освои титулата во Премиерлигата.
"Во доста сезони сме имале лош почеток. Ние сме единствениот клуб во оваа лига, кој може да ја освои титулата после такво заостанување. Тоа е поради нашата историјата", верува легендарниот менаџер. 
За големиот одѕив, за биографијата на Фергусон, Сер Алекс изјави: "Ја напишав оваа книга за навивачите, за да се разбере зошто требаше да земам одредени решенија. Не беше поради медиумите. Тоа е книга, која треба да им помогне на луѓето да сфатат колку е тешко е да работиш во Манчестер Јунајтед. За 27 години во овој клуб имав само околу шест пати проблеми со одделни играчи. Ова е неверојатно. Се разбира, треба да земаш одлуки во корист на клубот и поради оваа причина можеш да станеш непопуларен меѓу играчите, како што видовте од реакциите во изминатата недела. Но, тоа е дел од работата, да ги одржува стандардите во клубот, да ја пазиш дисциплината и да си сигурен дека фудбалерите те почитуваат како менаџер".


No comments:

Post a Comment