Wednesday, 30 October 2013

ЊУКАСЛ Е ЈАЛОВ ПО КОРНЕР.

-  Тим од Премиер лигата без гол од корнер повеќе од две години

Корнерите се едно од најопасните оружја на тимовите во современиот фудбал. Се почесто по исполнување на корнер голманите мора да ја вадат топката од својот гол, бидејќи по одлични центрирања и снажени фудбалери на противникот се постинува гол во нивната мрежа. Се покажа , дека во англиската Премиер лига, за која се верува дека центрирање и играта со глава е најчеста од целиот европски фудбал, има тим кој веќе две години не може да постине гол по изведување на корнер. Тоа е тимот на Њукасл Јунајтед, кој за последен пат постина погодок по корнер на 1 Октомври 2011 година.
После тој погодок, Њукасл не можат да ја пратат топката во мрежата од корнер веќе 78 натпревари по ред. Во тоа време "страчките" имале право да ги исполнат 375 корнери, но ниту еден од нив не донел погодок во противничкиот гол. Тоа е речиси двојно повеќе од последниот сличен "рекорд" во Премиер лигата, чиј автор беше Астон Вила со 42 натпревари без гол од корнер во 2012 година.


No comments:

Post a Comment