- Венгер е подготвен да продолжи да троши
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави, дека е подготвен да продолжи да троши за играчи од светска класа.
"Нашата политика останува иста, јас постојано сакам да ги донесам тука најдобрите играчи, играчи од светска класа, на најдобрата можна цена. И во исто време сакам да продолжам да воспитувам 60-80 играчи. Културата на клубот, овој стил на фудбал, кој сакаме да го применуваме и нашите навики се градат одвнатре. Вилшир, Рамзи и Гибс се фудбалери кои претставуваат културата на клубот. Во прилог на ова, сакаме да донесеме играчи од светска класа, кои ќе ни помогнат да станеме посилни", соопшти Венгер.

No comments:
Post a Comment