- Шмајхел нема да биде менаџер на Шефилд Јунајтед
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Данска Петар Шмајхел ги демантираше информациите за тоа, дека може да го предводи Шефилд Јунајтед. Како што е познато, утринава ESPN соопшти дека раководството на третодивизиониот клуб бара нов тренер, откако тимот оствари 8 загуби во првите 11 натпревари од новата сезона. Како еден од кандидатите се посочуваше токму Шмајхел.
"Читам, дека ме поврзуваат со испразнетото место на тренерскиот пост на тимот на Шефилд Јунајтед. Убаво е да слушаш вакви вести, но дадената информација не одговара на реалноста", напиша Шмајхел на својот профил на Twitrer.

No comments:
Post a Comment