CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 15 October 2013

ПРЕМИЕР ЛИГАТА СО СУБВЕНЦИИ ЗА ПОГОЛЕМА ПОСЕТЕНОСТ ВО ЛИГАТА.

-  Премиер лигата издвои 12 милиони, за да ги натера навивачите да патуваат

Премиер лигата одвои 12 милиони фунти на 20-те тима од Премиер лигата, за да ги охрабри навивачите да патуваат и да ги наполнат стадионите на помалите тимови. Одлуката гарантира на секој клуб по 200 000 фунти, а парите може да се користат за потребите на раководствата, но приоритет е поевтинувањето на билетите. Како резултатна тоа, Манчестер Јунајтед ги намали билетите за гостувањата со 4 фунти, а мерка важи од 2 Ноември.
Парите беа прифатени со радост од тимовите. Арсенал, Ливерпул, Свонси, Фулам, Кристал Палас и Сандерленд веднаш понудија поевтини билети. "Топџиите" ги намлија цените за билетите со 2,5 фунти, а Кардиф вети, дека неговите поддржувачи ќе плаќаат само по 5 фунти за гостување. Астон Вила, Стоук Сити и Хал Сити пак обезбедија бесплатен превоз. Од Челси понудија поевтино патување, а понуда е за најмалку 10 натпревари. Манчестер Сити додаде кон субвенцијата од 200 000 фунти уште пари и ги намали билетите за соствениците на сезонски билети за 50 отсто. "Граѓаните" ќе обезбедат и повеќе места за посета на навивачи на "Етихад".
Акцијата на Премиер лигата беше последица од организирана кампања на Федерацијата на фудбалските навивачи во Англија. Таа скокна против скапи билети и инсистираше при гостувањата да се плаќа не повеќе од 20 фунти за билет. Пресметките на експертите покажаа, дека кога ќе се додадат трошоците за транспорт, навивачите треба да одвојат најмалку 50 фунти, за да ги гледаат гостувањата на своите ѕвездите.


No comments:

Post a Comment