- Јанузаj побара 8 пати повеќе пари од Јунајтед
Манчестер Јунајтед и Аднан Јанузај се разминаа во преговорите за условите за новиот договор на играчот. Клубот едвај ќе успее да ја задржи својата нова ѕвезда со сегашната плата од само 3.000 евра неделно. Затоа раководството му понуди 17 600 евра неделно, плус по 1.400 евра за секое учество во натпревар и одделно по 7000 премија за победа. Претставниците на родениот во Белгија, албанец побараа 23 500 евра неделно, што е речиси 8 пати повисока плата, плус 117 000 евра на рака за потпишувањето. За Јанузај се заинтересирани клубови како Манчестер Сити, Барселона и Јувентус.

No comments:
Post a Comment